Клоп лут на навивачите: Ако не сте расположени, дајте го билетот на некој друг…

Ливерпул лесно и убедливо го декласираше Вест Хем со 5-1 и се пласираше во полуфиналето од лига-купот на Англија, но Јирген Клоп не беше задоволен од она што го виде.

Не од изданието на своите фудбалери, кое беше беспрекорно, туку од атмосферата на стадионот која Германецот јавно ја искритикува по натпреварот.

„Искрено, не сум задоволен од атмосферата. Искрено прашувам, што очекувате… имавме многу промени во составот, го издоминиравме Вест Хем и дадовме пет гола, ако јас бев во публика сигурно ќе бев еуфоричен, но расположението не беше такво. Зарем сите на стадионот беа разочарани што не го растуривме Манчестер Јунајтед на минатиот меч. Ако не сте расположени, дајте го својот билет на некој друг, не може да се чека јас да влезам во конфликт со судија или со противнички тренер за да се слушнат навивачите. Разберете, ова е пеколен ритам и неопходна ни е поддршка од трибините, веќе за неколку дена играме со Арсенал и очекувам атмосферата да биде на највисоко ниво“, порача Јирген Клоп.

Ливерпул за противник во полуфиналето го доби Фулам, додека во втората полуфинална двојка ќе се сретнат Челси и Мидлсброу.

Се вчитува...