Ракометарите тргнаа на пат: Во Србија ќе се крои тактиката за ЕП 2024

Ракометната репрезентација на Македонија утрово тргна на пат за Србија, каде во Стара Пазова ќе биде одработена првата фаза од подготовките за претстојниот европски шампионат во Германија, што ќе се одржи во јануари 2024 година.

Селекторот Лазаров ќе ги нема на располагање Митревски и Талески кои имаат обврски кон клубовите во Португалија, а како дел од оваа подготвителна фаза ќе биде одигран и еден пријателски меч, против селекцијата на Црна Гора.

По новогодишните празници, финалната фаза од подготовките ќе се одвива во Скопје, а дуелите со Грција ќе бидат и финална увертира пред настапот на ЕП.

Македонските ракометари ќе заминат за Дизелдорф на 8 јануари, првиот меч го играат во овој град против Франција на 10 јануари, по што ќе заминат за Берлин. Таму избраниците на Кире Лазаров ги очекуваат уште две пресметки од групната фаза, со домаќинот Германија на 14 јануари и со Швајцарија два дена подоцна.

Се вчитува...