Келн го смени тренерот

Бунеслигашот Келн одлучи да го смени тренерот Стефан Баумгарт по завршувањето на есенскиот дел од сезоната. Менаџментот на клубот се решија да се разделат со тренерот, после поразот од Унион Берлин во битката за долниот дел на табелата.

Баумгарт го презеде кормилото на Келн во 2021 година. Тој во првата сезона по враќањето во Бундеслигата, успеа да обезбеди пласман во Лигата на Конференции. Во неговата втора година, тимот стигна до групната фаза на ова натпреварување.

„Одлуката да го напуштам клубот не е беше лесна. Клубот стана мој дом во последните две години. Горд сум на она што го направив. Имам чувство дека на тимот му треба промена. Тимот пред се, и на него му треба нов импулс. Сакам да се заблагодарам на сите за мојата соработка во Келн“, изјави Баумгарт.

Се вчитува...