Голем број од елитните фудбалски клубови, ја одбија идејата да учествуваат во Супер-лигата, откако Европскиот суд донесе одлука дека може да постои, и покрај противењето од УЕФА и ФИФА.
Засега Реал Мадрид и Барселона се за учество, а се очекува нив да им се приклучи и Наполи, која би требало да брои 64 клуба.
Новинарите од Италија шпекулираат дека сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е за интересиран за Супер-лигата, и дека е подготвен да преговара.
Во меѓувреме оваа Лига е одбиена од Интер, Копенхаген, ПСЖ, Севилја, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Црвена Звезда, Манчестер Јунајтед, Реал Сосиедад…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА