Два члена на алжирскиот клуб Мулудија од Ал Бајад, загинаа денеска во сообраќајна несреќа откако автобусот кој ги превезувал играчите, излетал од патот и се превртел во близина на градот Сугер, на северозападот од земјата.
Фудбалскиот сојуз на Алжир соопшти дека во несреќата загинале голманот Закарија Бузијани и помошниот тренер Халид Муфтах.
Останатите кои биле во автобусот се во стабилна состојба.
Локалните медиуми јавуваат дека автобусот го превзувал тимот се превртел за време на пат кон градот Тизи Узои, во кој Мулидија требало да го одигра во петокот против Кабилија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

