Актуелниот европски првак Манчестер Сити, нема намера да се приклучи на Супер-лигата. Судот на правдата на ЕУ денеска пресуди во корист на Супер-лигата, меѓутоа многу големи клубови веќе го почнаа откажувањето кон учество.
Ставот на англискиот клуб и актуелен шампион останува ист. Избори од клубот се повикуваат на највата за повлекување од Суперлигата уште во 2021 година.
„Во 2021 година Манчестер Сити официјално потврди дека се повлекува од идејата за Супер-лигата. Нашиот став останува непроменет. Остануваме посветени на вредностите на европскиот фудбал и ќе продолжиме да соработуваме со други клубови и да учествуваме само во натпреварите организирани од УЕФА“, стои во соопштението на Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

