Покрај Фудбалската федерација на Македонија и прволигашот Работнички излезе со соопштение во кое вели дека е против Суперлигата и на страната на ФИФА и УЕФА.
Работнички во минатото беше чест учесник во европските натпреварувања, а два пати стигна и до плејофот од квалификациите за Лига Европа.
„Фудбалскиот клуб Работнички го повторува ставот дека идната благосостојба на европскиот фудбал може да се обезбеди само преку заедничка соработка преку ЕЦА во силно партнерство и соработка со УЕФА и ФИФА“, стои во реакцијата на Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА