Кошаркарите на Црвена звезда славеа против Макаби во Белград, но како номинални гости со 92-98 во меч од 16. коло од новата сезона во Евролигата.
Првата четвртина помина во израмнета игра на двете страни, па по десет минути резултатот на семафорот изнесуваше 20-20. Клучната разлика „црвено-белите“ ја направија во вториот период кој го добија со девет поени разлика, па на полувреме заминаа со позитива од 42-51.
Во вториот дел рутински успеаја да го приведат мечот до самиот крај за конечен триумф од 92-98. Феноменален во дресот на Црвена звезда беше Милош Теодосиќ кој мечот го заврши со 27 поени и 14 скокови, додека кај поразените Балдвин заврши со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА