Ракометарите во Стара Позава ја почнаа „Операцијата Германија“ (ФОТО)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва во Стара Пазова ги почна подготовките за Европското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Германија.

Селекторот Кире Лазаров на првиот тренинг на располагање ги немаше само Филип Талески и Никола Митревски кои имаат обврски во своите клубови Бенфика односно Порто.

Како дел од оваа подготвителна фаза ќе биде одигран и еден пријателски меч, против селекцијата на Црна Гора.

По новогодишните празници, финалната фаза од подготовките ќе се одвива во Скопје, а дуелите со Грција ќе бидат и финална увертира пред настапот на ЕП.

Македонија на Европското првенство 2024 година покрај со домаќинот Германија, ќе игра и против Франција и Швајцарија.

Се вчитува...