Најдобриот македонски фудбалер Елиф Елмас следната недела го очекуваат лекарските прегледи во Лајпциг и официјалната промоција во дресот на својот нов клуб. Трансферот на македонскиот репрезентативец, вреден 25 милиони евра, треба да означи нов пат за 24-годишниот „дијамант“ во неговата фудбалска кариера.
Елмас во Лајпциг ќе заработува по три милиони евра годишно, а договорот ќе биде потпишан до јуни 2028 година.
Трансферот сега веќе во интервју за „Кориере дело спорт“ го потврди и првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кој вели дека тоа морало да се случи затоа што Елмас бил некој кој сака постојано да игра.
„Да, го продадовме Елмас. Тој е некој кој сака постојано да игра“ – вели Де Лаурентис за „Кориере“.
Претседателот на Наполи има помалку смешно објаснување барајќи оправдување за малата шанса која ја добиваше македонскиот фудбалер оваа сезона а поради што постои и револт меѓу навивачите на итаијанскиот шампион. Де Лаурентис „тврди“ дека Елмас всушност постојано бил стартер „па и ако не играл 90 минути“!??? А, Елиф тоа не успеал да го разбере….
„Ми се чини дека Елиф не успеа да разбере дека тој е стартер за тимот дури и кога не игра 90 минути. По неговото заминување ќе мора да донесеме едно или две засилувања за средниот ред“ – вели Де Лаурентис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА