Со формирањето на Супер-лигата ќе страдаат сиромашните клубови, фудбалот ќе биде се понеинтересен во следните 20 години!

Поголемиот дел од европските фудбалски експерти сметаат дека формирањето на новонајавената Супер-лига само силно ќе удри на сиромашните клубови кои дополнително ќе ги ослабне, а генерално ќе ја продолжи кризата во фудбалот која трае извесен период.

И српскиот аналитичар Раде Богдановиќ смета дека воопшто не е добро за фудбалот формирањето на Супер-лигата која ја предводат Реал Мадрид и Барселона.

„Не е добро формирање на таква лига, но ќе се случи. Ќе се случи затоа што најмоќниот човек во европскиот фудбал Флорентино Перез одлучил дека ќе ја направи. Тоа ќе биде негова круна на животното дело, кое е секако огромно“ – вели Богдановиќ и дополнува:

„Таа лига ќе се формира затоа што тука е вклучен сериозен американски капитал. Капиталот богатите клубови ќе ги направи уште побогати е ќе страдаат сиромашните клубови. И сето ова е поради судирот со Александар Чеферин. Штом тие му дадоа на Словенец на биде претседател на УЕФА се беше јасно. Тоа е затоа да го пуштат низ вода, за да биде оној кој ќе удри клуч на европскиот фудбал онаков каков го знаеме“.

Богдановиќ верува дека на Супер-лигата ќе се приклучат и Арапите.

„Мислам дека тоа ќе се случи сигурно, само е прашање дали веднаш или нешто подоцна. Англичаните се против затоа што имаат своја навистина добра лига, но Германците ќе сакаат дел од тој голем колач. Американците се веќе дел од тоа, а Арапите, бидејќи сето ова е една сериозна игра, ќе се изборат за место во Европа“.

А, што ќе биде со натпреварувањата под капата на УЕФА?

„Ќе бидат на маргините затоа што нема да може да се борат со ненормалните пари кои ќе се слеваат во оваа Супер-лига. Ќе има бесплатни преноси. Мислам дека УЕФА погреши со олкав број на натпреварувања. Јапонците уште пред неколку години кажаа дека фудбалот ќе биде неинтерес за гледање во наредните 20 години поради се понатрупаните натпреварувања“ – анализира Богдановиќ.

Се вчитува...