Џирона и да освои титула во Ла Лига нема да игра во Лигата на шампиони

Екипата на Џирона е изненадувачки лидер во досегашниот тек од шпанската Ла Лига пред екипите на Реал Мадрид и Барселона.

Во случај да продолжи со ваквите игри, огромни се шансите да заврши меѓу првите четири екипи на табелата, што се места кои носат следната година учество во Лигата на шампионите.

Но, и да заврши на првите четири позиции, па дури и да ја освои шампионската титула во Шпанија, тие не би добиле дозвола за учество во Лигата на шампиони.

Причина за тоа е што сопственик на Џирона е првиот човек на Манчестер сити. Џирона е филијала на Манчестер сити, па според правилата на УЕФА два клуба кои имаат ист сопственик не смеат да играат во исто натпреварување. Па, Џирона и да заврши на една од првите четири позиции во Ла Лига, нема да игра во Лигата на шампионите, туку во Лига Европа.

Се вчитува...