Јан Улрих своевремено беше еден од најдобрите велосипедисти во светот. Во кариерата освои олимписко злато, беше победник на Вуелта и Тур Д’Франс, а подоцна беше осрамотен со скандал околу допинг, и призна дека минуваше низ тежок период во една фаза од животот.
„Марка“ открива детали околу неговиот документарец во кој го опишува мрачниот период кога се свртел кон пороци.
„Не пиев девет месеци, а потоа еден ден испив чаша вино. Од вино преминав на виски. Прво беше една чаша, па потоа две“, изјави Улрих кој призна дека потоа почнал да зема и кокаин.
„Сам си поставував предизвици. Сакав да станам светски рекордер, во еден ден испушив 700 цигари. Чудо е како сум уште тука“, рече Улрих.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

