Владан Милојевиќ и официјално се врати на тренерската клупа на Црвена Звезда. Тренерот кој нижеше успеси со „црвено-белите“, после четири години се врати на „Маракана“, менувајќи го Барак Бахар, кој беше донесен на тимот да му носи европски успеси, но наместо тоа тимот повеќе не е во Европа, а клубот не игра како што треба и во домашното првенство.
Милојевиќ по заминувањето од Белград, работеше во Ал-Ахли, АЕК Атина, Ал-Етифак, АПОЕЛ и Аполон. Интересно, никаде не се задржа повеќе од една сезона. Во таборот на Црвена Звезда беше две години.
„Моето враќање се случи многу брзо. Од понеделник треба да погледнам некои работи подетално. Мислам дека Звезда е на добар пат. Јавноста и навивачите очекуваат многу, навикнаа на успеси. Има многу работи кои ќе ги поправиме, а не треба да зборувам дека господинот Бахар не работеше како што треба. Рано е да зборувам нешто конкретно. Има многу играчи кои се иднината на клубот, кои добија шанса во ЛШ, и тоа е идејата на клубот. Секогаш има плејада млади фудбалери кои треба да добијат шанса, но притоа да не им се нанесе штета“, изјави Милојевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА