Суперкомпјутерот „Опта“ ја ажурираше својата прогноза околу идниот шампион на Шпанија, после резултатите изминатиот викенд. Водечката Жирона се сопна против Бетис и одигра само 1-1, додека Реал Мадрид едвај со гол во последните мигови стигна до победата над Алавес.
„Опта“ му дава шанси на кралскиот клуб од 91,8% дека ќе биде иден шампион, додека на Жирона се намалија, и од 6%, сега се само на 4%. Барселона според суперкомпјутерот има шанси од само 1,7% да го освои шампионатот, и се најде на четвртото место. Пред него е Атлетико Мадрид, кому му се даваат 2,2% шанси.
Во првите пет се најде и Реал Сосиедад кој има само 0,1% шанси за титула во Ла Лига.
ТОП 5 ПРЕТЕНДИ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ТИТУЛАТА ВО ЛА ЛИГА
1. Реал Мадрид – 91,8%
2. Жирона – 4%
3. Атлетико Мадрид – 2,2%
4. Барселона – 1,7%
5. Реал Сосиедад – 0,1%
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

