Сега веќе поранешниот австриски фудбалер Марио Мосбек, се откажа од фудбалеот пред пет години, и почна да се занимава со покер. И во овој втор спорт му оди далеку подобро од првиот, со оглед дека заработи многу повеќе пари.
Денеска 27-годишниот Мосбек, се откажа од фудбалот на 22 години, и не погреши. Игрше за австриските клубови Сент Полтен и Виенер Нојштад, но тука немаше шанси за подобра заработка.
Го погоди тоа што се одлучи да се занимава со покер. Овој декември и минатиот ноември ќе останат како најплодни во неговата кариера. За 40 дена заработи 8,4 милиони евра со учество на два турнири од светски ранг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

