Барселона последната деценија беше синоним за углед и чест во фудбалот, но во последните години тоа се смени поради тоа што клубот се наоѓа во финансиска криза. И натаму клубот има финансиски проблеми, и многумина мислеа дека клубот нема да се извлече.
Меѓутоа успеаја да договорат Левандовски и Гундоган да ги намалат своите примања, и да станат нивни играчи. Таквата политика имаше резултат, и минатата сезона „Каталонците“ успеаја да ја освојат титулата.
Меѓутоа според пишувањата на германскиот „Велт“, Барселона прекрши неколку финансиски регулативи на УЕФА, и затоа би можел да бидат жестоко казнети.
Веќе Барселона е казнета со 500.000 евра ова лето поради кршење на слични прописи. Но, според пишувањата на Велт, сега казната ќе биде далеку пожестока, а тоа ќе значи исфрлање на клубот од Лигата на шампионите. Според нивните инсајдери, бројките на контото на Барса биле катастрофални.
Доколку бидат казнети и оставени без ЛШ, тогаш тоа ќе почне од сезоната 2024/25, и би треаело минимално две години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

