Заврши позајмицата на Христијан Малески од Струга ТЛ во АП Брера. Напаѓачот се враќа во таборот на есенскиот првак, меѓутоа нема да остане долго во Струга.
Како што дознаваме, Малески пролетниот дел од сезоната ќе го мине во дресот на Тиквеш, повторно како позајмен играч од Струга ТЛ. Кавадаречкиот тим во зимскиот преоден рок ќе се раздели од Гал Куреж и Марио Гасама, а може да остане и без најдобриот стрелец Иван Ивановски кој има неколку понуди.
Затоа Малески би требало да го пополнува местото во нападот. Освен како шпиц, Малески може да игра и како крилен напаѓач. Сезонава во 10 меча за АП Брера, Малески постигна само еден погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

