Манчестер Јунајтед остана без четири првотимци

Манчестер Јунајтед се соочува со нова лоша сезона во која веќе заврши со европските натпреварувања па фокусот остана главно на Премиерлигата каде целта е да се напредне од седмото место.  За истото ќе бидат потребни победи во густиот распоред кој следи, но тренерот Ерик тен Хаг за исполнување на целта нема да може да смета на четири првотимци.

За следните натпревари против Вест Хем Јунајтед, Астон Вила и Нотингем Форест кои ќе бидат одиграни до крајот на 2023 година холандскиот стратег нема да може да смета на Хари Мегваер, Лисандро Мартинез, Виктор Линделоф и Касемиро.

Мартинез, Линделоф и Касемиро нема да бидат дел од тимот до средината на месец јануари, додека Мегваер се очекува да се врати на теренот на почетокот на новата година, потврди Тен Хаг на денешната пресконференција пред дуелот со „чекичарите“.

Се вчитува...