Тоа што веќе се пишуваше утрово, вечерва доби официјална потврда, а тоа е дека легендарниот Уругваец, Луис Суарез е нов фудбалер на Интер Мајами.
Суарез договори соработка со Интер Мајами и во следните две години ќе игра во САД приклучувајќи се во клубот каде се некогашните негови соиграчи од Барселона, Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Уругваецот потпиша едногодишен договор со опција за продолжува на уште еднаш. Во Интер Мајами доаѓа од редовите на бразилскиот Гремио, а претходно кратко играше и за уругвајскиот Национал. Во богатата карера, покрај за Барселона, играше и за Ливерпул, Ајакс и Гронинген.
„Среќен сум и возбуден што започнувам нов предизвик со Интер Мајми. Едвај чекамм да почнам со работа и да помогнам за остварување на сонот на клубот и освојување титули. Ќе дадам се од себе за да им донесам радост на навивачите. Имам неколку добри пријатели во тимот, па мило ми е што повторно ќе можам да ги видам. Исто така со нетрпение чекам да ги запознаам новите соиграчи и тренерскиот персонал“, изјави Суарез по потписот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

