Јувентус ќе биде сериозно ослабен на утреното гостување против Фросиноне откако Федерико Киеза заработи незгодна повреда и ќе мора да паузира извесен период од терените.
Италијанскиот репрезентативец е најдобар играч на Јуве сезонава, но Киеза по серијата тешки натпревари се пожалил на болка во мускулот. Од лекарскиот тим на Јувентус препорачале дека проблемот не е сериозен, но крилниот офанзивец мора да одмори за да не дојде до позначаен проблем, по што Алегри решил воопшто да не го води Киеза со остатокот од тимот за утрешното гостување.
Во тимот на Јувентус нема да се појави ниту Кеан, кој исто така е повреден, па „старата дама“ ќе го стартува дуелот со тандемот Влаховиќ – Милик во нападот.
Јуве моментно е второпласиран на калчолигашката табела, со четири бода заостанување зад лидерот Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА