Манчестер Сити не виде мака на патот до светската круна декласирајќи го Флуминенсе со 4-0 во финалето од клупскиот мундијал, а бразилските фудбалери фрустрацијата ја покажаа на сосема погрешен начин – со опасни стартови во второто полувреме.
При оној најопасниотт настрада Родри, откако најдобриот фудбалер на Сити остана да лежи по катастрофалниот старт на еден играч на Флуминенсе. Шпанецот застана на нозе и се обиде да продолжи, но Гвардиола реши да не ризикува и веднаш го повлече од игра.
Според првите информации станува збор за повреда на коленото, а деталните прегледи ќе покажат колку долго извонредниот играч за врска ќе морада паузира од терените. Ако се знае дека Родри е клучен играч во тимот на Пеп Гвардиола, јасно е дека оваа повреда ќе претставува сериозен удар за шампионските амбиции на Сити.
🚨📹| Absolute horror tackle on Rodri 🥴 pic.twitter.com/rdTAmZpvL6
— TTS. (@TransferSector) December 22, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

