Кристијано Роналдо делува застрашувачки и на 38-годишна возраст, доказ за тоа се неверојатните бројки што Португалецот ги има во оваа 2023 година, иако се приближува до крајот на својата неверојатна кариера.
Голот што Роналдо го постигна од пенал на денешниот дуел со Ал Етифак беше вкупно 51.за големиот ас во оваа календарска година. Само за споредба, Кристијано има повеќе голови од Ерлинг Халанд (50), кој има година за паметење и според многумина важи за главен кандидат за „Златната топка“.
Само двајца фудбалери во светскиот фудбал има повеќе голови од Роналдо во оваа календарска година, Хари Кејн и Килијан Мбапе се на врвот на оваа листа со по 52. Сепак, мора да се истакне дека Кејн заврши со настапи за годинава и веќе замина на одмор до новогодишните празници, француската лига продолжува на 12 јануари, додека Кристијано ќе има уште една шанса да го стигне англискиот голгетер, на гостувањето против Ал Тавон закажано за 30 декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

