Салата „Градски Парк“ во центарот на Скопје и дефинитивно ќе доживее сериозен ремонт во наредниот период, и тоа со владина помош откако на денешната седница на Владата била донесена одлука за прераспределба на средства токму за оваа намена.
Станува збор за огромна сума од 30 милиони денари (околу 500.000 евра), кои ќе бидат наменети за овој некогаш спортски храм, а во последните години важеше за спортски срам, конечно да заличи на модерна арена во која би се играле врвни натпревари.
„Владата, на денешната седницa донесе и Одлука за прераспределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, конкретно од Агенцијата за млади и спорт кон Општина Центар. Станува збор за 30.000.000 денари, што согласно владината одлука, се наменети за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар, во Скопје“, се вели во соопштението на Владата.
Управата на КК Работнички уште во текот на летото најави дека има сериозен проект за целосна реконструкција на „Градски Парк“, се остана на зборови поради недостигот на финансиски средства, но сега кога тој проблем е решен се чини дека овој спортски објект конечно ќе добие модерен лик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

