Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем се најде на списокот на најскапите играчи во шпанското првенство. Цената на 20 годишниот Англичанец порасна за 30 милиони евра после пет месеци од неговиот трансфер во Мадрид од Борусија Дортмунд.
Тој се израмни со напаѓачот на ПСЖ Килиан Мбапе и со Ерлинг Халанд од Манчестер Сити. Тројцата го делат првото место на листата најскапите играчи во светот.
Листата на најскапи играчи во Примера ја сочинуваат уште и Педри, Де Јонг, Рафиња, Кансело, Феликс, Левандовски, Куртоа, Алаба, Де Пол и Кореа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

