Излегоа нови, шокирачки детали за смртта на Коби Брајант

Почетокот на 2020 година на 26 јануари, светската јавност остана во неверување по смртта на Коби Брајант. Брајант загина во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес, при што загина тој и неговта ќерка.

Меѓутоа резултатите од обдукцијата покажале од што точно починал славниот кошаркар.

Она што било фатално за кошаркарот, било тоа што после ударот, хеликоптерот се запалил, и во пожарот никој немал шанси да се спаси. Сепак, експертите сметаат дека и да не дошло до пожар, тешко дека Коби ќе ја преживеал несреќата.

Обдукцијата покажала дека Брајант доживеал тешки повреди на главата, гради и абдоменот, а од силните ударци некои органи завршиле надвор од утробата. Имал повреди на двете раце, особено на десната која била одвоена од телото, а на левата имало скршеници на неколку места.

Се вчитува...