Нова трагедија во спортот: На 24 години ненадејно почина кошаркар кој играше на последното СП

Страшна вест ја погоди јужноамериканската кошарка. Гарли Сохо, репрезентативец на Венецуела ненадејно почина на 24 годишна возраст. Пред само три месеци играше на Мундијалот, и беше еден од најдобрите играчи на својот национален тим.

Младиот кошаркар е пронајден мртов, а според првичните информации добил епилептичен напад во својот дом.

„Длабоко жалиме поради смртта на Гарли Сохо, репрезентативец и исклучителен човек со голем потенцијал во кошаркат. Гарли беше со нас во текот на квалификациите на ОИ 2021, на Светското првенство во 2023 година и Панамериканските игри оваа година каде што освои сребрен медал“, стои во соопштението на тамошниот сојуз.

Се вчитува...