Еден од оние кои имаше директно влијание на останувањето на Килијан Мбапе во ПСЖ минатата година беше и францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон разговарал со Мбапе и го убедил да не оди во Реал Мадрид. Сега прашан за иднината на одличниот француски фудбалер, Макрон одговори.:
„Не знам за иднината на Мбапе. Јас не сум му менаџер. Прво сакам да му честитам роденден, второ да кажам дека е неверојатен играч“, изјави Макрон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА