Тинејџер се најде во првиот состав на Јувентус, и веднаш постигна гол (ВИДЕО)

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изненади со составот на денешното гостување кај Фросиноне. Сосема неочекувано, за првпат во стартните 11 ја тимод од Торино се најде Кенан Јилдиз, 18-годишен фудбалер кој ја доби шансата.

И во 11. минута Јилдиз врати со постигнат гол за водство на Јуве на ова гостување. Турчинот е роден во 2005 година, и тој е прв играч роден после 2004 година кој игра во стартните 11 на Јувентус. Откако „измеша“ тројца играчи, успеа да стрела во мрежата на противникот за предност.

Инаку Јилдиз во минатото беше дел и од Баерн Минхен, а досега за Јувентус добиваше шанса само од клупата.

Се вчитува...