Баер Леверкузен е вистински хит во германската Бундеслига. Тимот без пораз го заврши првиот дел од сезоната, и се наоѓа на врвот на табелата, со можност да дојде до првата историска титула.
„Фармацевтите“ играат магично, и поради тоа стигнуваат многу понуди за нивните главни играчи. Хинкапи, Тах, Вирц, Бонифејс, се само дел од фудбалерите за кои „лудуваат“ големите европски клубови, меѓутоа директорот на клубот Симон Ролфес, уверува дека ниту еден играч во јануари нема да го напушти клубот.
„Сите ќе останат. Нема да пуштиме ниту еден играч оваа зима. Нема заминување на Тах, Хинкапи или било кој друг фудбалер, тоа ви гарантирам“, изјави Ролфес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

