Продолжува очајот на Манчестер Јунајтед: Пораз и од Вест Хем (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед загуби на гостувањето кај Вест Хем со 2-0, благодарние на головите на Боиувен и Кудус за само шест минути од средбата.

И покрај тоа што Јунајтед не изгледаше лошо на ова гостување, сепак, во вториот дел потклекна, а она што го мачи тренерот Ерик тен Хаг – неефикасноста, и натаму го мачи тимот кој и денеска не постигна гол.

Боувен во 72. минута од средбата погоди после добра акција, во која напаѓачот на Вест Хем имаше и малку среќа, со оглед дека топката се одби од Онана, па од него, и заврши во мрежата. Во 78. минута Кудус од десната страна го совлада Онана и зголеми на 2-0, што беше конечен резултат на натпреварот.

Овој пораз може да значи и тренерска смена, со оглед дека Тен Хаг и онака беше на „удар“, а сега ова може да значи и дефинитивен отказ.

Се вчитува...