Во германската Бундеслига навикнавме да го гледаме Баерн Минхен секогаш на врвот на табелата, но во последните две години не е така. „Баварците“ лани среќно, дури во последното коло стигнаа до титулата, а оваа година Баер Леверкузен ја заврши првата полусезона на лидерската позиција.
Во миговите кога Борусија Дортмунд владееше со Бундеслигата, тактиката на Баерн беше да му „украде“ играчи, за и да се засилат, и да го ослабат ривалот, (Левандовски, Геце, Хумелс), а се чини истата тактика имаат намера да ја применат и сега.
Така според најавите од Германија, Баерн Михен со сите сили ќе тргне по дефанзивецот на „фармацевтите“ Џонатан Тах. И покрај тоа што од Леверкузен истакнаа дека немаат намера да го продаваат, сепак, тешко дека ќе одолеат на интересот на Баерн, особено ако се има во предвид дека речиси секогаш им успева да ги земат најдобрите кај себе.
Јасно е дека Баерн има потреба од засилувања во дефанзивата, а Тах би бил добродојден. На списокот за одбраната е уште и Роналд Араухо од Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

