Лутон го шокираше Њукасл, Тотенхем ја прекина серијата на Евертон (ВИДЕО)

Во Премиерлигата се случи изненадување, откако тимот на Лутон успеа да го совлада еден од претендентите за висок пласман тимот на Њукасл со 1-0. Таузенд им пресуди на избраниците на Хау со гол уште во првиот дел.

Во продолжението на мечот, Лутон беше поблиску до втор гол отколку Њукасл до израмнување, но и двата тима пропуштија неколку добри шанси за поинаков резултат.

Во Лондон, Тотенхем го совлада Евертон со 2-1, со два брзи гола во раната фаза од мечот. Ришарлисон во 9. минута донесе предност, а Сон во 18. минута го зголеми резултатот. Гомеш во 82. минута успеа да намали и да го однесе мечот во неизвесност, но на крајот Тотенхем успеа да се одбрани и да ја прекине серијата на Евертон од четири победи по ред.

Нотингем Форест и Борнмут одиграа интересен меч кој заврши со победа на гостите од 2-3. Иако од 23. минута имаа играч помалку, Форест дојде до предност преку Еланга во 46. минута. Соланке со головите во 50. и во 57. минута донесе пресврт, а Нотингем израмни преку Вуд. Но, со играч повеќе до победата стигнаа благодарение на херојот Соланке кој го комплетираше хет-трикот за голема победа на Борнмут.

Изненадувачки резултат и во вториот меч во Лондон, откако Фулам на домашен терен загуби од Барнли. Одоберт и Берге во вториот дел му донесоа триумф на гостинскиот тим.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...