Еуроникел триумфално од Гевгелија за лидерско место, Феникс лесно против Вардар

Кошаркарите на Еуроникел го совладаа тимот на Кожув со 81-86 во 13. коло во Првата лига. Гостите до победата дојдоа буквално во финишот од средбата, кога имаа само еден поен предност (79-80), но во финишот имаа посилни нерви за да дојдат до триумфот и за момент до лидерската позиција.

Кожув го имаше расположениот Артисон кој постигна 29 поени, но залудно. Кај победничкиот тим Глигоријевиќ беше најефикасен.

Во вториот меч, Феникс на крилата на Трајковски и Метјуз, го совлада тимот на Вардар. Само во првата четвртна Вардар беше достоен ривал, а до полувремето Феникс замина со предност од 13 поени разлика, која ја одржаа до крајот на мечот.

Трајковски постигна 22, Метјуз 22 поени. Митков кај Вардар беше најефикасен со 18 поени.

Се вчитува...