Само неколку месеци по доаѓањето во Унион Берлин, легендарниот италијански фудбалер Леонардо Бонучи ќе ја напушти Германија, и ќе се врати во Италија.
Според најавите, најблиску до неговите услуги е тимот на Рома, кој е на пат да добие искусно име во своите редови за пролетниот дел од сезоната.
Наводно и самиот Бонучи одлучил да се врати во Италија, откако е јасно дека Германија не му „легна“ и дека наскоро би требало да се случи неговиот „кам-бек“. Исто така и Мурињо инсистира да го потпише искусниот стопер, и да добие квалитетно засилување за пролетниот дел во битката за успех во Серија „А“ и во Лигата на Европа.
До пред неколку месеци, Бонучи беше дел од Јувентус кога се реши да ја напушти „Старата дама“. Една сезона Бонучи играше и за Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА