Еден од најдобрите играчи на македонската ракометна репрезентација Филип Талески, попладнево се приклучи на националниот тим на подготовките во Стара Пазова, Србија.
Талески веднаш го одработи и првиот тренинг со екипата. Интернационалецот кој настапува за Бенфика, е еден од главните адути на репрезентацијата на престојното ЕП 2024 година во Германија кое се игра во јануари. Македонија е во група со Германија, Франција и Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА