Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс им се вратија на победите во НБА лигата откако синоќа славеа на гостувањето кај Оклахома сити тандер со 120-129.
Неверојатен во таборот на „езерџиите“ беше Леброн Џејмс кој одигра историска партија завршувајќи го мечот со 40 поени, надополнети со по седум скока и асистенции. Кај поразените се истакна Шеј Гилџс Александер кој уфрли 34 поени.
Детроит пистонс стигнаа до 26 пораз во низа со што го израмнија негативниот рекорд по бројот на порази, откако синоќа загубија на гостувањето кај Бруклин нетс со 126-115. Микал Бриџис со 29 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените 23 уфрли Џејден Ајви.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Њујорк – Милвоки 111-130, ЛА Клиперс – Бостон 108-145, Њу Орлеанс – Хјустон 104-106, Индијана – Орландо 110-117, Шарлот – Денвер 95-102, Торонто – Јута 119-126, Атланта – Мемфис 119-125, Чикаго – Кливленд 95-109, Голден Стејт – Портланд 126-106, Далас – Сан Антонио 144-119 и Сакраменто – Минесота 98-110.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

