Американскиот кошаркар Џереми Грант ќе го продолжи договорот со грчкиот великан Панатинаикос, пренесуваат медиумите од нашиот јужен сосед.
Гранд летово пристигна во Атина од редовите на Турк Телеком и потпиша едногодишен договор со клубот од главниот град на Грција. Како што пренесуваат грчките медиуми тој ќе стави потпис на нов договор со траење до 2026 година.
Грант сезонава во Евролигата на 16 натпревари просечно бележи по 8,6 поени, 3,6 асистенции и 2,1 скок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА