Новак Ѓоковиќ статистички е најдобриот тенисер на сите времиња, а повеќе или помалку против сите свои противници во кариерата има и позитивен меѓусебен скор.
Тој од сите тенисери со кои се сретнал негативен скор има само против 11 противници. Некои веќе не се занимаваат професионално со „белиот спорт“, а дел од нив се од вториот ешалон.
Еден од тие со позитивен меѓусебен баланс е Австралиецот Ник Кирјос, кој до финалето на Вимблдон во 2021 беше непоразен од Србинот, а во моментов има предност од 2-1 во победи. На листата е и поранешниот број 1 Марат Сафин кој има 2-0 против Ѓоковиќ, а тука е и уште еден поранешен најдобар тенисер Енди Родик (5-4).
Јиржи Весели двапати играл против Србинот и два пати триумфирал, а на листата се и Фернандо Гонзалез, Иво Карловиќ, Антони Дупуа, Даниел Еванс, Денис ван Шепинген, Таро Даниел и Филипо Воландри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

