Братот на Јанис за шест години НБА кариера има повеќе фаули отколку поени

Додека Јанис Адетокумбо од недела во недела ги воодушевува кошаркарските фанови ширум светот, неговиот брат Танасис ја привлекува јавноста, но од друга причина.

Братот на ѕвездата на Милвоки бакс, успеа да оствари статистика која на ретко кого му тргнала од рака во најсилното кошаркарско првенство во светот.

За шест години поминати во НБА, Танасис постигнал само 188 поени. Фасцинантно делува тоа што во истиот период тој има направено вкупно 191 фаул, што е за три повеќе од бројот на постигнати поени.

 

Се вчитува...