Селекторот на ракометната репрезентација на Франција, Гијом Жил ги одбра 20 ракометари кои ќе настап на Европското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Германија.
Покрај репрезентацијата на Македонија, за противник во првата групна фаза Французите ќе ги имаат и домаќинот Германија, како и Швајцарија. Тројца ракометари отпаднаа во последното кратење. Тоа се повредениот голман Винсен Жерар, левиот бек/крило Матју Гребиј и десното крило Беноа Конку.
Токму Франција ќе биде првиот противник на Македонија на овој европски шампионат, дуел што ќе се одигра на 10 јанури на фудбалскиот стадион „Меркур Шпил Арена“ во Дизелдорф.
ГОЛМАНИ
Самир Беласен (Кил), Реми Десбоне (Монпеље), Шарл Бозингер (Монпеље)
ЛЕВИ БЕКОВИ
Тибо Брие (Нант), Никола Карабатиќ (ПСЖ), Тимоти Н’Гесан (Барса), Елоим Пранди (ПСЖ)
СРЕДНИ БЕКОВИ
Кентан Мае (Веспрем), Омерик Мин (Нант), Недим Ремили (Веспрем)
ПИКЕРИ
Лудовик Фабрегас (Веспрем), Лука Карабатиќ (ПСЖ), Карл Конан (Монпеље), Николас Турна (Келце)
ДЕСНИ БЕКОВИ
Дика Мем (Барса), Мелвин Ричардсон (Барса)
ЛЕВИ КРИЛА
Иго Деска (Веспрем), Дилан Наи (Келце)
ДЕСНИ КРИЛА
Јанис Лен (Монпеље), Валентин Порт (Монпеље)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА