Кошаркарите на Црвена звезда ќе бидат без поддршка од навивачите на натпреварот против Олимпија Милано во Евролигата, бидејќи на приврзаниците на „црвено-белите“ им е забрането да купуваат билети за тој натпревар, објави префектот на градот Милано, Клаудио Згараља.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Згараља најавил дека билет за тој натпревар ќе можат да купат само луѓето кои живеат во провинцијата Ломбардија, чиј центар е градот Милано.
Со ова, како што се наведува, тој сака да ги спречи навивачите на Црвена звезда од останатиот дел од Италија, Европа и Србија да купат билети и да дојдат да го бодрат тимот на Јанис Сферопулос.
Згараља додава дека одлуката е донесена поради страв од можни нереди надвор од салата и внатре, бидејќи навивачите на Црвена звезда се во долгогодишен конфликт со приврзаниците на Рома, кои ги има низ цела Италија, па дури и во градот Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА