Милан најмалку два месеци без Томори

Првотимецот на Милан, Фикајо Томори ќе биде надвор од терените најмалку два месеци поради повреда на мускулот.

Томори се повреди во петокот на натпреварот против Салернитана (2-2) во Серија А. Веднаш беше јасно дека се работи за сериозна повреда бидејќи со големи болки го напушти теренот.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, се работи за повреда на десниот бутен мускул. Овој тип на повреда бара најмалку два месеци одмор, а засега се чини дека не е потребна операција.

Томори беше еден од ретките фудбалери на Милан кој сезонава немаше никакви проблеми со повреди, па сега Симон Кјаер останува единствениот централен дефанзивец во целиот тим.

Се вчитува...