Кошаркарите на Партизан доживеаја нов шамар во АБА лигата откако вечерва и повеќе од изненадувачки беа прегазени на гостувањето кај хрватски Задар со 84-68 во меч од 13. рунда во регионалното натпреварување.
Водени од преполната арена „Крешимир Ќосиќ“ домаќините веќе во првиот период имаа позитива од седум поени 20-13. До полувремето тие успеаја да стигнат и до двоцифрена предност и на пауза да заминат со 47-34.
Во вториот дел не му дозволија на големиот фаворит да направи ништо повеќе и на крајот успеаја да слават со конечни 84-68. Божиќ со 26 и Дрежњак со 25 поени беа најефикасни во таборот на победникот, додека кај поразените Тристан Вукчевиќ уфрли 15 поени.
Maкедонскиот репрезентативец Адем Мекиќ доби шанса во самиот финиш на мечот и успеа да одигра една минута во која не се запиша во листата на стрелците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА