Кошаркарите на ФМП Академија славеа на домашен терен против Охрид со 96-88 во дербито на дното на мак-баскетот како дел од 13. рунда од Првата лига.
Гостите подобро го отворија натпреварот и во една шутерски одлична прва четвртина на двете страни имаа водство од два поени 25-27. Домаќините одиграа фуриозно во вториот период, па на полувреме заминаа со двоцифрена предност 56-44.
Третиот период гостинскиот тим го одигра на ниво откако успеа да го добие со десет поени разлика и пред последните десет минути да влезе со негатива од само два поени 72-70. Во последната четвртина сепак домаќините беа посконцентрирани и на крајот успеаја да стигнат до голем триумф од 96-88.
Oмотао Огундиран беше најдобар поединец во победничкиот табор завршувајќи го мечот со трипл-дабл 18 поени, 11 скока и 10 асистенции. Кај поразените недоволни беа 23 поени на Лазар Димовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА