Ракометарите со меѓусебен пријателски меч ги продолжија подготовките во Србија (ФОТО)

Ракометната репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за Европското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Германија. Покрај домаќинот избраниците на Кире Лазаров за противници ќе ги имаат и Франција и Швајцарија.

Откако вчера на соиграчите во базата во Стара Пазова им се придружи Филип Талески, тие денеска ги продолжија подготовките кај нашиот северен сосед. На програмата на селекторот Лазаров беше меѓусебен меч меѓу неговите ракометари, кој помина во позитивна атмосфера.

Се вчитува...