„Крос не треба да игра за Германија на Евро 2024“

Поранешниот германски репрезентативец Тони Крос би можел да се врати од репрезентативна пензија и повторно да заигра во националните бои на престојното Европско првенство кое во 2024 година ќе се одржи во Германија, објавија тамошните медиуми.

Оваа вест наиде на критики од страна на поранешниот голман на Баерн Минхен, Сеп Мајер кој не сака повторно да го види фудбалерот на Реал Мадрид во репрезентацијата.

„Не би го вратил Крос. Мислам дека не би било добро кога тој повторно би играл за репрезентацијата. Помина неговото време. Имаме доста други талентирани играчи на неговата позиција кои можат да му помогнат на тимот. Сега тоа е популарна тема во медиумите, но ако се прашувам јас не би го земал. Тоа не значи дека тој не е голем играч и дека не направил ништо за германскиот фудбал“, изјави Мајер.

Крос кој беше дел од тимот кој во 2014 година го освои златниот медал на Светското првенство во Бразил замина во репрезентативна пензија по Европското првенство во 2021 година.

Се вчитува...