Официјалниот почеток на новата тениска сезона носи репрезентативен натпревар за српскиот ас Новак Ѓоковиќ кој ќе ја претставува својата нација на Јунајтед Купот кој ќе се одржи во Перт, Австралија, а нашиот северен сосед за противник во групната фаза ќе ги има Кина и Чешка.
Првиот официјален предизвик за тенисерот број еден на светот ќе биде Жижен Женг, првиот Кинез кој влезе во „топ 100“ листата според АТП рангирањето, а во моментот е на 58. позиција на поредокот. Овој меч е закажан за 31. декември со почеток од 10 часот наутро по средноевропско време.
Претходно, оваа среда Новак Ѓоковиќ ќе одигра и егзибициски натпревар против Карлос Алкараз во Ријад, Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

