Конор Мекгрегор се подготвува за камбекот во УФЦ, но и понатаму останува неизвесно кога Ирецот повторно ќе се најде во рингот. Тој е надвор од него од 2021 година кога заработи скршеница на ногата по борбата со Дастин Поарие, а и покрај тоа што имаше најави за нова борба на крајот на оваа година, како и во април следната година, засега нема официјални информации.
Тоа предизвикува гнев кај некогашната УФЦ ѕвезда која на боксерскиот спектакл во Ријад упати критики кон раководството на натпреварувањето.
„Луѓето во Саудиска Арабија говорат за мечот помеѓу мене и Мани Пакјао, а УФЦ тоа воопшто не го интересира. Дајте ми нешто. Ме разбирате? Требаше да се вратам во април 2024 година, а едно време се споменуваше и оваа година.
Никој досега не го третирале вака. И тоа го прават и покрај се што му донесов на овој спорт. Јас продавам повеќе од сите останати борци заедно. Така ли е? Никој не добил ваков третман како јас. Ако се знае што носам, вратата за мене треба да биде ширум отворена. Но, јас чекам ли чекам. Веќе го губам трпението“, изјави Мекгрегор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

