Дибала неизвесен и за дербито против Јувентус

Напаѓачот на Рома, Паоло Дибала и понатаму се мачи со повредата на бутниот мускул и останува неизвесен за големото дерби против Јувентус кој е закажано за 30. декември, пренесуваат италијанските медиуми.

Последниот натпревар Аргентинецот го одигра на 10. декември, а оттогаш ги пропушти средбите против Шериф Тираспол, Болоња и Наполи. И покрај тоа што се очекуваше да биде подготвен за спектаклот против „старата дама“, голема е веројатноста дека нема да може да му помогне на својот тим.

Трисетгодишникот оваа сезона настапи на единаесет натпревари на кои забележа четири голови и шест асистенции.

Се вчитува...